Достапни линкови

Брејвик нема да се жали на пресудата


Андерс Брејвик

Масовниот убиец Андерс Брејвик кој денеска од судот во Осло доби казна затвор од најмалку 21 година нема да се жали на пресудата, изјави неговиот адвокат Гејр Липестад, наведувајќи дека таа е во согласност со неговата желба. Брејвик денеска беше прогласен за пресметлив и осуден на 21 година затвор поради убиство на 77 луѓе во јули минатата година. Брејвик доби максимална казна, со можност за нејзино продолжување.
XS
SM
MD
LG