Достапни линкови

Со американско безпилотно летало убиени 16 милитанти во Пакистан



Пакистански претставници соопштија дека денеска три американски безпилотни летала извршиле напад во регионот на северен Вазиристан, на границата со Авганистан, при што убиле најмалку 16 осомничени милитанти. До акцијата доаѓа на само еден ден откако пакистански претставник му вложи протест на американски дипломат за акциите на американските безпилотни летала на пакистанска територија. САД тврдат дека ваквите акции се особено важни во битката против милитантите во регионот.
XS
SM
MD
LG