Достапни линкови

logo-print

Балкан - Сушата ја интензивира економската криза


По најострата зима во последниве неколку децении, Балканот сега се соочува со најжешкото лето и со најголемата суша во изминативе 40 години. Рекордно високите температури, според експертите, негативно ќе се одразат и врз економиите на земјите во регионот.

Високите темпертури на Балканот кои, како што сметаат научниците, се последица од глобалното затоплување ги опустоши житариците, зеленчукот и овошјето, но и прозводството на електрична енергија во регионот кој и онака е погоден од глобалната економска криза. Годинава, земјоделците помошта единствено ја бараат од небото.

„Се е загубено. Само Господ може да ни помогне, само небото може да не спаси“, го цитира новинската агенција Асошиетед прес, српскиот фармер Љубисав Томиќ, кој се жали дека сушата целосно му го уништила родот на пченката.

Од друга страна, големите пожари изгореа стотици хектари шуми во Македонија, Босна, Србија, Хрватска, Црна Гора. Пожарот на границата меѓу Србија и Косово не можел да се контролира поради минските полиња поставени за време на војната во 1999 година.
Аналитичарите предвидуваат и големо покачување на цените на месото и млекото што дополнително ќе го погоди Балканот, еден од најсиромашните региони во Европа.

Сушата на Балканот, странските новински агенции ја споредуваат со сличната катстрофа со која годинава се соочија и Соединетите Држави.

Тие додаваат дека затоа најголем профит ќе оствари Русија која повеќе ќе извезува храна, жито и други производи во земјите во регионот.

Аналитичарите предвидуваат и големо покачување на цените на месото и млекото што дополнително ќе го погоди Балканот, еден од најсиромашните региони во Европа.

„Штетите од сушата годинава изнесуваат од 30 до 80 насто, во некои региони дури и 100 проценти“, вели министерот за земјоделство на Хрватска Тихомир Јаковина.

Сушата на Балканот, странските новински агенции ја споредуваат со сличната катстрофа со која годинава се соочија и Соединетите Држави.
Слично е и во другите балкански земји, па има и апели граѓаните да се подготват на тешката ситуација која претстои.

Сушата ги испразни и реките во регионот. Неодамна еден туристички брод во бугарскиот град Свиштов удри на дното на Дунав, поради најниското ниво на таа река досега.

„Дефицитот на вода е рекорден. Уште неколку години ќе страдаме од ова што ни се случи годинава“, вели Далибор Балијан, метеорлог од Сараево, додавајќи дека реката Босна, една од најголемите во таа земја, се претворила во канал за одводнување каде што скоро исчезнал сиот животински и растителен свет.

Хидроцентралите во Босна, Србија и Македонија, поради немањето вода, го намалија производството и веќе се најавува поголем увоз на струја.

Во Македонија, пак, имаше повици и за рационално користење на водата, бидејќи поради ниското ниво на водите во реките и езерата, во наредниот период би можело да дојде до недостиг на вода за пиење.

Стравувањата дека високите температури и малиот број врнежи ќе влијаат врз цените на струјата и на прехранбените производи веќе се остваруваат на Балканот.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG