Достапни линкови

Брејвик осуден на најмалку 21 година затвор


Андерс Брејвик, Осло, 24.08.2012

Андерс Брејвик, Осло, 24.08.2012

Судот во Осло денеска го прогласи Андерс Брејвик за пресметлив и го осуди на казна затвор од најмалку 21 година. Казната може да му биде продолжувана доколку биде утврдено дека е опасен по општеството. Брејвик во текот на судскиот процес призна дека минатиот јули поставил бомба пред владината зграда во Осло, а потоа и пукал врз младите на островот во близина на Осло, при што вкупно 77 лица беа убиени. Повеќето преживеани и семејствата на жртвите бараа тој да биде прогласен за пресметлив, а тоа го бараше и Брејвик, тврдејки дека се борел против муслиманската имиграција и мулти-културализмот. Обвинителството бараше Брејвик да биде прогласен за непресметлив и да биде сместен во психијатриска установа.
XS
SM
MD
LG