Достапни линкови

Бившиот американски амбасадор, Рајан Крокер, уапсен


Рајан Крокер

Рајан Крокер

Пензионираниот американски дипломат, кој беше амбасадор во Ирак, Авганистан и во Пакистан, Рајан Крокер, е упасен во Соединетите Држави поради возење под дејство на алкохол и предизвикување сообраќајна несреќа. Крокер изјавил дека е невин. Но, според полицијата, Крокер на 14-ти овој месец, во американската држава Вашингтон, удрил во друго возило и побегнал од местото на несреќата, а откако бил уапсен алхо-тестот бил позитивен. Доколку му биде докажана вината, Крокер би можел да добие и затворска казна. Крокер се повлече од амбасадорската функција во Авганистан, поради здравствени проблеми.
XS
SM
MD
LG