Достапни линкови

Во Берлин средба Меркел-Самарас


Германската канцеларка Анѓела Меркел

Германската канцеларка Анѓела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел ќе оствари средба со грчкиот премиер Адонис Самарас. Самарас бара повеќе време да ги спроведе болните реформи наложени од страна на меѓународните кредитори за да се обезбеди пакетот за помош на Грција. Во пресрет на нивните разговори, Меркел вчера се сретна со францускиот претседател Франсоа Оланд. Таа го повтори ставот дека секоја дискусија за олеснување на условите за добивање на пакетот за помош треба да се почека до извештај во септември од страна на "тројката" меѓународни кредитори, ЕУ, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд.
Меркел исто така рече дека тоа е од витално значење и дека сите треба да останат доследни на своите обврски. По разговорите во Берлин, Самарас утре треба да се сретне со францускиот претседател Оланд во Париз.
XS
SM
MD
LG