Достапни линкови

Сирија подготвена за соработка, но борбите продолжуваат


Сириската влада соопшти дека е подготвенa да работи со новиот меѓународен претставник за земјата, Лакдар Брахими. Сирискиот заменик министер за надворешни работи изјави дека Дамаск се надева оти Бахими ќе го расчисти патот за "национален дијалог" за завршување на конфликтот.
Во четвртокот, сириските сили пријавиле дека се гранатирани области околу главниот град Дамаск и во северниот град Алепо. Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека 100 луѓе биле убиени низ целата земја во текот на вчерашниот ден.
Во меѓувреме, францускиот министер за одбрана, Жан-Ив Ле Дрен предложи западните држави и сојузниците да ја разгледаат можноста за поставување ограниченa зона на забранети летови над дел од Сирија без мандат на Советот за безбедност на ОН.
XS
SM
MD
LG