Достапни линкови

Во Либија запленето оружје на приврзаниците на Гадафи


Министерството за внатрешни работи на Либија соопшти дека запленило повеќе од стотина тенкови од групите приврзаници на паднатиот режим на Муамер Гадафи.
Таа група се прикривала и лажно се претставувала како блиска до новата влада. Повеќе од 100 тенкови и 25 ракетни фрлачи биле запленети во близина на касарна која се наоѓа на 60 километри оддалеченост од Триполи.
До базата полицијата дошла по истрагата за двата самоубиствени нападни во неделата кога загинаа две лица, а четири беа повредени.
XS
SM
MD
LG