Достапни линкови

Политика за млади и младите од турската етничка заедница


Енес Ибрахим, претседател на Невладината организација Уфук.

Енес Ибрахим, претседател на Невладината организација Уфук.

Што се однесува до младите од турската етничка заедница, навистина имаме доста сериозни проблеми, почнувајќи од образованието. Иако постои задолжително средно образование, тоа во пракса не се спроведува, така што нашите ученици се приморани да патуваат во други градови за да учат на мајчин јазик, каде наставата се врши во најпримитивни средини, без никакви основни услови. Значаен дел од учебниците за жал се уште не се преведени на турски јазик, пишува претседателот на НВО Уфук, Енес Ибрахим во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

За да добиеме одговор на прашањето како би требало да биде креирана политиката за млади, најпрво би требало да ја разбереме динамиката на светот кој постојано се менува. Општеството во кое живееме не наликува на она од порано, многу е сменето, а со тоа и потребите на граѓаните. Во тој правец потребно е стратегиите за решавање на проблемите да бидат различни во однос на претходните. Светот се менува, можеби како никогаш претходно. Напредокот во технологијата влијае на промените во општеството и на светот воопшто.
Иако постои задолжителното средно образование, тоа во пракса не се спроведува , така да нашите ученици се приморани да патуваат во други градови за да учат на мајчин јазик, токму како што е примерот со Охрид, децата Турци секој ден патуваат до Струга за да учат средно образование на мајчин јазик (а познато е дека 80% од учениците во тие парарелки се токму од Охрид).

Една држава мора да креира политика за млади, за развојот на младината, да ги мотивира младите да го искажат своето мислење и да креираат идеи кои ќе ги споделуваат на национално и меѓународно ниво. Гледајќи од овој аспект, сметам дека политиката за млади треба да биде сложена и да има широк опфат.

За да можат младите поубаво да живеат во оваа држава би требало да се стави крај на нацио–шовинизмот и неговата пропаганда. Особено во спортските настани каде што е забележлива претерана употреба на навредливи зборови искажани за другите етнички заедници, а нивната употреба во политиката е штетна. Мора да се стави крај на политиката во спортот и на спортските настани. Доста загрижувачки се последните немирни случувања каде младите од различни етнички заедници по физички пат се пресметуваат. Стравуваме тоа да не стане секојдневие и се надевам дека ќе се намалат тензиите. Но ние како млади треба да бидеме доста внимателни со овие теми, да не паѓаме на некакви провокации, да не сме клин на политиката.

Живееме во 21 век. Искажувањето на фашистички и шовинистички слогани е повеќе од јасно дека не е праведно. Треба да ги тргнеме предрасудите настрана, бидејќи тие нема да не однесат напред. Ако сите етнички заедници го поддржуваат суверенитетот и целината на ова држава, тогаш би требало сите слободно да живеаат во оваа држава со напуштање на малите политички игри и дневната политика.
Државата и институциите не обрнуваат доволно внимание за малите заедници, а знаеме дека тие треба да имаат некои дополнителни права и заштита. Бидејќи по природата на нештата тие секогаш се повеќе загрозени и токму затоа треба да се има поголем интерес и разбирање кон нив.

Политиката за млади би требало да се сооедини со сите структури и сектори на државата. Со еден збор, политиката за млади би требало да биде политика на државата, а не само на власта. Истата не би требало да се соедини со делувањето само на една институција. Затоа политиката за млади би требало да се води во зависност од потребите на младите и би требало да биде соединета со сите сектори. Политиката за млади би требало да биде во правец на сооединување и развој на младите во надлежните и функционерите, се со цел развој на младите и давање на надлежности на истите.Треба да се насочи кон развој и учество на младите во сите сегменти на опшеството заедно со другите групи во општеството со цел развој на културата, образованието, социјалниот живот и политиката во сите области на живеење.

Политиката за млади би требало на младите да им овозможи стекнување на поголеми знаења и вештини со што ќе се овозможи да станат активни граѓани и ќе им се пружи можност за образование и стекнување на искуства. До вакви решенија би можело да се дојде доколку се води политиката со која младите ќе бидат независни граѓани со еднакви права.

Што се однесува до младите од турската етничка заедница, навистина имаме доста сериозни проблеми почнувајќи од образованието. Иако постои задолжителното средно образование, тоа во пракса не се спроведува, така што нашите ученици се приморани да патуваат во други градови за да учат на мајчин јазик, токму како што е примерот со Охрид - децата Турци секој ден патуваат до Струга за да учат средно образование на мајчин јазик (а познато е дека 80 отсто од учениците во тие парарелки се токму од Охрид). Не само Охрид, има уште многу вакви примери низ државата. Посебно во источниот дел на Македонија. Покрај тоа, наставата се врши во најпримитивни средини, без никакви основни услови. Значаен дел од учебниците за жал се уште не се преведени на турски јазик.

Со вработувањето исто така имаме големи забелешки, почнувајќи од вработувањата во јавната администрација. А кога веќе зборуваме за младинското учество, во тој сегмент доста сме заостанати. Интересот на младите за овие теми е минимален. Тука како важна, па можеби и главна причина слободно може да се види влијанието на политичките структури. Нивното влијание врз младите, и нивниот стремеж за политизирање на сите елементи во секторот со цел да се обезбеди некаков политички профит.

Исто така дискриминацијата преставува важен причинител за истата тема. Интересен па можеби и специфичен е примерот кај нас што се даваат стипендии од некои невладини организации на ученици или студенти, кои во иднина се приморани да ги извршуваат дадените наредби, или наредби од истото здружение. Освен тоа сведоци сме дека зад некои здруженија на граѓани стојат токму политичките партии, тие се главните финансиери и идеолози на тие невладини. Тоа лесно може да се види во период на избори.

Кога ќе ги согледаме сите овие фактори (а постојат и дополнителни), ќе добиеме подобра слика и претстава зошто младите Турци немаат интерес за учество во секторот.

Овие се дел од проблемите кои ние ги среќаваме како Турци, но верувајте дека слични проблеми имаат сите помали етнички заедници. Државата и институциите не обрнуваат доволно внимание за малите заедници, а знаеме дека тие треба да имаат некои дополнителни права и заштита. Бидејќи по природата на нештата тие секогаш се повеќе загрозени и токму затоа треба да се има поголем интерес и разбирање кон нив. Додека се зборува за европска, мултиетничка, мултикултурна Македонија, државата и системот реално треба да ги поддржат помалку бројните етнички заедници, односно и нивните организации.

И сосема за крај, ние младите не треба да се плашиме да ги искажуваме нашите мисли и ставови туку треба да сме се похрабри, бидејќи само така ќе можеме да смениме некои работи.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG