Достапни линкови

Хаг-генерал Толимир побара да биде ослободен од обвинението


Поранешниот генерал на армијата на босанските Срби Здравко Толимир.

Поранешниот генерал на армијата на босанските Срби Здравко Толимир.

Поранешниот генерал на армијата на босанските Срби Здравко Толимир денеска побара да биде ослободен по сите осум точки од обвинението, меѓу кои геноцид врз муслиманите во Сребреница и воени злосторства во Жепа, извршени од јули до ноември 1995 година.
Во завршните зборови, Толимир, кој се брани сам, изјави дека тезите на обвинителството „се засноваат на претпоставки, кои ги добило врз тоа дека му бил помошник на Ратко Младиќ за разузнавање и безбедност во Генералштабот на армијата на босанските Срби“.

Тој нагласи дека „ниту Ратко Младиќ, ниту Радован Караџиќ, ниту било кој друг му наредувал да убива затвореници“.

Обвинителството на Хашкиот трибунал во вторникот побара доживотен затвор за Толимир.
XS
SM
MD
LG