Достапни линкови

logo-print

Рускиот правобранител - казните за „Russy Riot“ прекумерни


Рускиот правобранител денеска рече дека казните за трите членки на панк групата „Russy Riot“ се прекумерни. Правобранителот Владимир Лукин рече дека жените кои во февруари протестираа во московската православна катедрала против владеењето на претседателот Владимир Путин, извршиле прекршок, а не кривично дело. Жените беа осудени минатата недела на по две години затвор, откако судот одлучи дека се виновни за „хулиганство мотивирано од религиозна омраза.“ Правобранителот рече дека тој може да поднесе жалба ако казните се потврдат и по поднесувањето на жалбата. Пресудата предизвика протести во Русија и во целиот свет, а западните влади и групите за човекови права ја осудија казната.
XS
SM
MD
LG