Достапни линкови

logo-print

Нов обид да се обесштетат бранителите


Споменикот „Ангел“ во Битола во чест на загинатите бранители кај Вејце во 2001 година.

Споменикот „Ангел“ во Битола во чест на загинатите бранители кај Вејце во 2001 година.

Во изминативе четири години бранителите и ветераните од ОНА најмалку пет пати извисија, надевајќи се дека нивниот проблем ќе биде решен.

Предлог-законот за бранителите е доставен до Собранието и според собраниските процедури пратениците од утре веќе ќе го имаат пред себе. Според процедурите на Собранието, во рок од 10 дена, на првата наредна седница ќе биде и првото читање, доколку нема некакви измени во меѓувреме. Овој предлог закон кој се однесува на посебните права на припадниците на безбедносните сили ја брануваше јавноста, а воедно и владејачката коалиција.
Ќе ги поддржиме напорите на ДУИ да се оневозможи носење на ваков лош и антиалбански закон. Ако тие мислат дека ова може да се оневозможи преку предвремени избори ние сме спремни да разговараме и за оваа работа. Ако се сериозни намерата и изјавите на ДУИ, мислам дека ќе има поголем простор и да се разговара и за технички работи.

Од ДУИ велат дека ќе почекаат да го видат предлог законот, но доколку тој помине во Собрание без да се прифатат нивните амандамни кои се однесуваат на борците од ОНА тогаш ќе ги разгледале сите опции кои им стојат на располагање.

Во дел од медиумите се појавија информации дека ДУИ не е загрижена за ставот на премиерот оти имале доста отворени опции и дека ќе останат цврсто на својот став.

Претседателот на ДПА Мендух Тачи изјави дека и покрај шегите што ги прават двете страни тие како партија ќе го поддржат ДУИ за законот кој сметаат дека е лош и антиалбански.
Министерот за одбрана Фатмир Бесими положи цвеќиња на споменикот на загинатите бранители во 2001.

Министерот за одбрана Фатмир Бесими положи цвеќиња на споменикот на загинатите бранители во 2001.


„Ќе ги поддржиме напорите на ДУИ да се оневозможи носење на ваков лош и антиалбански закон. Ако тие мислат дека ова може да се оневозможи преку предвремени избори ние сме спремни да разговараме и за оваа работа. Ако се сериозни намерата и изјавите на ДУИ, мислам дека ќе има поголем простор и да се разговара и за технички работи.“
Дали законот ќе ги задоволи потребите на припадниците на безбедносните сили е веќе сосема друго прашање, но во секој случај пофално е што овој закон воопшто влегува во собраниска процедура, без оглед на идејата на ВМРО-ДПМНЕ, како политичка одмазда за случувањата во рамките на ДУИ, пред се со слупчанските настани, да го постави како законско решение во Собранието.

Од СДСМ најавија дека ќе го поддржат предлогот за бранителите, но без најавените амандмани на ДУИ. На ист став се и пратениците од НСДП и ЛП кои велат дека исто како и во 2008 година ќе го поддржат законот.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска изјави дека бранителите со овој закон ќе го добијат заслуженото признание за работата која ја извршуваат, но за постапката на министерот Фатмир Бесими за Слупчане, смета дека со тој чин длабоко ги повредува чувствата на Македонците.

„Тој чин длабоко ги повредува чувствата на Македонците. Не би навлегувала во личните видувања и објаснувања за одредени чекори кои поединци ги влечат, за тоа ќе судат граѓаните и ќе дадат своја оценка. Јас не се согласувам со таквиот чекор и најмалку од се’ се согласувам со злоупотреба на безбедносните сили на полициската или армиската униформа за дневно политички или партиски интереси.“

Поранешниот полковник на АРМ Благоја Марковски вели дека една од разликите на овој закон и оној што беше предложен од „Достоинство “ во 2008 година е намалената сума за обесштетување на семејствата на загинатите и повредените од конфликтот 2001 година, со што со законот се создава крајно понижувачки однос кон нив. Тој додава дека во предлог законот има и клаузули како на пример таа дека на сите припадници на безбедносните сили им се гарантира бесплатно примарно здравство, нешто што и без тоа за сите граѓани во Македонија е бесплатно.

„Дали законот ќе ги задоволи потребите на припадниците на безбедносните сили е веќе сосема друго прашање, но во секој случај пофално е што овој закон воопшто влегува во собраниска процедура, без оглед на идејата на ВМРО-ДПМНЕ, како политичка одмазда за случувањата во рамките на ДУИ, пред се со слупчанските настани, да го постави како законско решение во Собранието.“

Владејачката коалиција во 2008 година гласаше против донесувањето на законот за бранители предложен од „Достоинство“ со образложение дека тоа премногу ќе го оптовари државниот буџет, но и дека албанскиот партнер ДУИ ќе го отвори прашањето за статусот на борците на ОНА.

Во изминативе 4 години, бранителите и ветераните од ОНА, најмалку 5 пати извисија, надевајќи се дека нивниот проблем ќе биде решен.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG