Достапни линкови

Турција истражува вмешаност на Сирија и Иран во нападот во Газиантеп


Газиантеп

Газиантеп

Турција истражува дали Сирија и Иран се замешани во бомбашкиот напад во градот Газиантеп, во кој загинаа девет луѓе, пренесоа турските медиуми.
Анкара ја обвини Кудската работничка партија (ПКК) за крвавиот напад од понеделникот во Газиантепе, во југоисточна Турција. Турски претставници посочија дека веројатно курдските борци и сириското разузнавање имаат меѓусебни врски.
Турскиот вицепремиер Булент Аранч синоќа во интервју за турската телевизија Си Ен Ен-Турк изјави дека истрагата на атентатот не се сведува само на варијантата за можна сириска интервенција во нападот. Тој не ја исклучи можноста Иран, кој е близок сојузник на режимот на сирискиот претседател Башар Асад, исто така, да е поврзан со атентатот во Газиантепе.
Турција ја поддржува сириската опозиција. Односите меѓу Анкара и Дамаск силно се влошија од почетокот на конфликтот во Сирија, забележуваат американските медиуми.
XS
SM
MD
LG