Достапни линкови

Хамнеи предлага „економија на отпор“ против Западните сили


Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска и наложи на владата да донесе „економија на отпор“, со која земјата треба да се соочи со западните санкции.
Со искористување на сите потенцијали на нацијата, владата треба да ги скрши илузиите на арогантните сили дека тие може да го присилат Иран да застане на нивните позиции, изјави Хамнеи.
Тој рече дека економијата на отпор е единствениот начин да се продолжи напредокот во земјата. Неговите коментари доаѓаат откако неколку ирански официјални лица признаа дека санкциите од САД и ЕУ му нанале штета на нафтениот и на финансискиот сектор.
XS
SM
MD
LG