Достапни линкови

logo-print

Во Македонија гори на повеќе места


Илустрација.

Илустрација.

Активни се пожарите во Македонски Брод кај селото Црешнево од страна на селото Белица, во општина Чашка на потегот од селата Дреново до Лисице и кај Долно Јаболчиште на местото викано Горни осој, во општина Зелениково кај селото Вражале, во општина Липково кај селото Стрима и во општина Кавадарци на планината Кожув.
Како што информираат од Дирекцијата за заштита и спасување, активни се и пожарите во Кавадарци и во скопската општина Ѓорче Петров.
Изгаснати се пожарите во Тетово, Чашка кај селото Црквино, Куманово, Дебар, Кратово, Гевгелија, Пробиштип, Гостивар и во Националниот парк „Маврово“.
XS
SM
MD
LG