Достапни линкови

Индустриска зона за секој инвеститор


Премиерот Никола Груевски на поставување камен-темелник на Технолошко-индустриска развојна зона „Кичево“.
Премиерот Никола Груевски на поставување камен-темелник на Технолошко-индустриска развојна зона „Кичево“.

Власта и опозицијата се со спротиставени мислења околу потребата од нови технолошки – индустриски развојни зони. За едните тоа е рекламен трик, за другите зоните придонесуваат за економски развој.

Потреба за привлекување странски инвеститори или рекламен трик со цел да се создаде впечаток дека ќе има економски развој? Власта и опозицијата се со спротивставени мислења околу потребата од нови технолошки – индустриски развојни зони, откако деновиве се удри камен темелник на нова зона во Кичево.
Трудо-интензивните компании секогаш се трудат да се лоцираат надвор од главниот град од две причини. Прво, цената на работната сила надвор од главниот град на некоја држава е секогаш поконкурентна, а второ може да се најде посоодветна работна сила.
Виктор Мизо, Дирекцијата за Технолошко – индустриски развојни зони .

Директорот на дирекцијата за Технолошко – индустриски развојни зони Виктор Мизо вели дека дисперзирањето на зоните низ територијата на земјава е добра основа за регионален развој со понуда на конкурентна работна сила.

„Трудо-интензивните компании секогаш се трудат да се лоцираат надвор од главниот град од две причини. Прво, цената на работната сила надвор од главниот град на некоја држава е секогаш поконкурентна, а второ може да се најде посоодветна работна сила. Случајот го гледаме со Џонсон Контролс, кој ја отвори втората фабрика во Штип, иако првата е во Скопје.“
Поставување камен-темелник на Технолошко-индустриска развојна зона „Кичево“
Поставување камен-темелник на Технолошко-индустриска развојна зона „Кичево“

Зоната во Кичево предвидено е да опфаќа над 13 хектари површина со седум парцели, а локацијата, според Мизо, е соодветна за компании кои сакаат да се близу Јадранското море со употреба на излезот кај Драч.

„Во моментов со различен вид на компании разгледуваме можности. Првата форма на размислување е да ја понудиме Македонија, а потоа навлегуваме подлабоко каде точно во Македонија би било најсоодветно тие да го лоцираат својот капацитет.“
Отворањето на нови не е во насока на реален економски развој, туку во насока на промовирање активности, колку да се создаде претстава дека еве, само што не почнал развојот, само што не дошле инвеститорите.
Марјанчо Николов, СДСМ.

Зоните имаат капацитет доколку има и домашни и странски инвеститори, вели пратеникот на опозициската СДСМ Марјанчо Николов.

„Отворањето на нови не е во насока на реален економски развој, туку во насока на промовирање активности, колку да се создаде претстава дека еве, само што не почнал развојот, само што не дошле инвеститорите“.

Треба да се направат анализи, вели Николов

„Да се видат можностите кои потенцијални инвеститори би дошле и доколку има доволен интерес, тогаш да се оди на отворање на технолошко – индустриско развојни зони или развојни зони. Во спротивно, се останува во сферата на реклама и маркетинг, а реално нема инвеститори или изградени фабрики во Република Македонија.“

Инаку, во земјава предвидена е изградба на 11 технолошко – развојни индустриски зони.
XS
SM
MD
LG