Достапни линкови

Сириските сили го напаѓаат Дамаск


Сириските воени сили со тенкови, хеликоптери и артилерија втор ден по ред ја продолжуваат офанзивата на јужниот дел на Дамаск. Најмалку 10 жртви се пријавени денеска при нападите во предградието Дараја и во областа Ал Хаџар Ал-Асвад. Активистите велат дека силите на претседателот Башар ал Асад денеска спровеле рација и во југоисточната област Кафр Сусе, при што уапсиле многу луѓе. Во меѓувреме активистите јавуваат дека во Алепо, владините сили се повлекуваат од областите под контрола на бунтовничките борци. Тие области беа под силна офанзива изминатите денови.
XS
SM
MD
LG