Достапни линкови

logo-print

Јанкулоска против злоупотреба на армиската и полициската униформа


Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска изјави дека чинот во Слупчане длабоко ги повредил чувствата на Македонците. Таа вели дека не се согласува со злоупотреба на безбедноснитесили, на полициската или на армиска униформа за дневно - политички или партиски интереси.

Министерката за внатрешни работи Јанкуловска го поддржува предложениот закон за посебни права на бранителите и истакна дека тоа е потврда за принципиеланата и конзистентна политика која ВМРО-ДПМНЕ ја води како партија.

Одговарајќи на новинарско прашање таа рече процесот на лустрација во никој случај нема да го наруши функционирањето на безбедносните служби.

„Напротив ваков процес е за поздравување и значи расчистување со минатото во смисла да се оневозможат лицата кои на одреден начин напредувале во кариера или оставрувале материјална корист да не можат да бидат носители на јавни функции“, изјави Јанкулоска.
XS
SM
MD
LG