Достапни линкови

logo-print

Либија- следниот месец ќе му се суди на синот на Гадафи


Сеиф ал Ислам Гадафи

Сеиф ал Ислам Гадафи

Судскиот процес против Сеиф ал Ислам Гадафи, син на соборениот либиски лидер Муамер Гадафи, ќе почне наредниот месец во градот Зинтан, соопшти либиското обвинителство. Портпаролот на обвинителството изјави дека судењето ќе се одржи во Либија и покрај потерницата издадена од Меѓународниот суд во Хаг. Тој рече дека обвинителството ја завршило истрагата за евентуалните злосторства извршени од Сеиф ал Ислам. Меѓународниот суд во Хаг против синот на Гадафи сака да покрене обвинение за воени злосторства извршени за време на конфликтот во кој неговиот татко беше соборен од власт. Меѓународниот суд се сомнева дека Либија може да му обезбеди услови за фер судење. Сеиф ал Ислам бара да му се суди во Хаг.
XS
SM
MD
LG