Достапни линкови

Самарас - излегувањето на Грција од еврозоната, драматично за ЕУ


Грчкиот премиер Андонис Самарас.

Грчкиот премиер Андонис Самарас.

Евентуалното излегување на Грција од еврозоната ќе има драматични последици за цела Европа, изјавил грчкиот премиер Андонис Самарас во интервју за францускиот весник „Мон“. Тој вели дека евентуален излез на Грција ќе биде уништувачки за Грција и штетен за Европа. Социјалните потреси би можеле да станат многу заразни и за другите европски земји, вели грчкиот премиер.

„Заедно со нестабилноста на Блискиот исток тоа би можело да стане геополитички кошмар, што би можел да ги премине грчките граници. Да дополнам, се разбира, и реакцијата на финансиските пазари, кои би очекувале излегување од еврозоната и на други европски земји, предизвикувајќи го домино ефектот“, рекол Самарас.

Самарас, кој утре треба да се сретне со германскиот канцелар Ангела Меркел, а во сабота и со францускиот претседател Франсоа Оланд, на двајцата европски лидери ќе им ги објасни „ сите неопходни детали за тоа дека Грција може да успее и дека е на патот да се промени“.
XS
SM
MD
LG