Достапни линкови

СДСМ со иницијатива за разрешување на Регулаторната за енергетика


Опозициската СДСМ денеска до Владата достави иницијатива за разрешување на претседателот и членовите на Регулаторната комисија за енергетика . Доколку во наредните два дена не бидат разрешени најавуваат оти ќе поднесат интерпелација за работењето на претседателот ан РКЕ, Димитар Петров.
Марјанчо Николов, пратеник од СДСМ, изјави дека РКЕ работи спротивно на интересите на граѓаните и одлуките за поскапувањата на струјата, парното и горивата ги носи „на сомнителен и нетранспарентен начин, по нејасна методологија, во екот на годишните одмори, далеку од очите на јавноста“.
XS
SM
MD
LG