Достапни линкови

Јордан ги повлече тројцата спортисти од Параолимписките игри


Јордан ги повлече од учеството на Параолимписките игри во Лондон, спортистите вмешани во сексуален напад. Тројца спортитсти од Јордан се осомничени дека извршиле сексуални злоупотреби во Северна Ирска додека биле на припремни. Од јорданскиот параолимписки Комитет изјавија дека тројцата мажи денеска треба да бидат испратени дома во Јордан, но дека ќе се вратат да се соочат со судот во Северна Ирска во октомври.
„Тројцата спортисти се повлечени од Игрите, бидејќи би било несоодветно да се натпреваруваат“, соопштија од јорданскиот Комитет. Спортистите беа уапсени во понеделник, а вчера беа ослободени со кауција.
XS
SM
MD
LG