Достапни линкови

logo-print

Шојбле- времето нема да и ги реши проблемите на Грција


Германската канцеларката Ангела Меркел и министерот за финансии Волфганг Шојбле.

Германската канцеларката Ангела Меркел и министерот за финансии Волфганг Шојбле.

Тоа што на Грција ќе и се даде повеќе време за да ги спроведе мерките за намалување на трошоците, нема да ги реши проблемите на земјата, изјави германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле за германското радио СВР.

„Повеќе време не е решение за проблемите, повеќе време, исто така, може да значи и повеќе пари.“

Тој вели дека „еврозоната ги достигнала границите на она што е економски изводливо во грчкиот пакет помош“.

Изјавата на германскиот министер за финансии доаѓа еден ден пред грчкиот премиер Андонис Самарас да се сретне со канцеларката Ангела Меркел.

Меркел вчера изјави дека на состанокoт со Самарас нема да се донесат никакви одлуки. Taa рече дека прво ќе го чека извештајот на тројката за напредокот на Грција во реформите кои меѓународните кредитори ги поставија како услови за добивање помош.
XS
SM
MD
LG