Достапни линкови

logo-print

Кога нема решенија, изборите се решение


Најавите за можни предвремени избори кои како опција не ги исклучи и премиерот Никола Груевски, дел од експертите ги оценуваат како обид на власта да го сврти вниманието од други проблеми кои ги загрижуваат граѓаните.

Домашните аналитичари не веруваат дека ќе се случат предвремени избори. Најавите за можни предвремени избори кои како опција не ги исклучи и премиерот Никола Груевски, дел од експертите ги оценуваат како обид на власта да го сврти вниманието од други проблеми кои ги загрижуваат граѓаните.
Поскапувањата и опаѓањето на квалитетот на живот и осиромашувањето на македонскиот граѓанин е евидентен. Фактот дека политичките и меѓуетничките проблеми не се затвараат и многу други проблеми покажуваат дека тоа треба да се прави.

„Поскапувањата и опаѓањето на квалитетот на живот и осиромашувањето на македонскиот граѓанин е евидентен. Фактот дека политичките и меѓуетничките проблеми не се затвараат и многу други проблеми покажуваат дека тоа треба да се прави“, изјави професор Алајдин Демири.

За разлика од овие размислувања, директорот на Институтот за политички истражувања, Владимир Божиновски вели дека нема да има предвремени избори. Во моментот тие најмалку и одговараат на ДУИ, вели Божиноски, според кој, најавите за можни предвремени избори се само одговор на случувањата во Слупчане.
Сметам дека не е ова нешто што е договорено, туку ова е едноставно изнуден потег на владата и на ВМРО-ДПМНЕ после оние случувања во Слупчане. Да се прави некоја манифестација со цел да се привлечат повеќе гласачи на грбот на својот коалиционен партнер мислам дека не е во ред.

„Сметам дека не е ова нешто што е договорено, туку ова е едноставно изнуден потег на владата и на ВМРО-ДПМНЕ после оние случувања во Слупчане. Да се прави некоја манифестација со цел да се привлечат повеќе гласачи на грбот на својот коалиционен партнер мислам дека не е во ред“, изјави Божиновски.

Професор Мерсел Биљали, пак, смета дека несогласувањата во владината коалиција се смислено сценарио на двете партии ВМРО-ДПМНЕ И ДУИ за да се дојде до предвремени избори додека не почнал да им паѓа рејтингот.

„Најверојатно ќе импровизираат нешто како недоразбирање или непочитување на коалицискиот договор или ќе откриваат некаков спор за да отидат на избори, зашто ако се игра на националистичка карта, сè уште има шанса пак да победат“, изјави Биљали.

Во овој момент и на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ не им одговараат предвремени избори, зашто се соочуваат со пад на рејтингот, анализира професор Здравко Савески. Мене сето ова ми личи на начин да се дефокусира јавноста од проблемите со бранот поскапувања, големата сиромаштија и невработеност.

„И досега се покажувало дека знаат владините партнери да изнајдат решение надвор од различните ставови и мислења по одредени прашања, така што многу се мали шансите да дојде до распад на владината коалиција и евентуални предвремени избори“, изјави Савески.

Дека постои криза во владината коалиција потврди и премиерот Никола Груевски според кој истата е резултат на промените во однесувањето на дел од раководството на ДУИ, а врв е настанот во Слупчане. Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ потврди дека се подготвени за избори ако ДУИ оценат дека се потребни, иако, како што изјави, не ги посакуваат.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG