Достапни линкови

Запленети 200 килограми хероин во Русија


Повеќе од 200 килограми хероин по потекло од Авганистан биле запленети во Москва, соопшти руската служба за наркотици. Полицијата добила информација дека брод со хероин доаѓа во Москва, од главниот град на Таџикистан, Душанбе. Од полицијата велат дека во запленувањето им помогнала расформирана таџикистанска криминална група која порано шверцувала хероин во Русија. Полицијата соопшти дека тоа е најголемата заплена на хероин во Русија во последните неколку години.
XS
SM
MD
LG