Достапни линкови

Започнуваат струшките вечери на поезијата


Струга

Струга

Со засадување дрвце во Паркот на поезијата во чест на годинашниот лауреат, јужноафриканскиот поет Монгани Вали Сероте и традиционалното читање на песната „Т'га за југ“ пред Домот на поезијата, денеска во Струга почнуваат 51. Струшки вечери на поезијата.
Поетскиот фестивал свечено ќе биде отворен пред Домот на поезијата по што ќе се одржи меѓународното поетско читање „Поетски меридијани“, а потоа следува претставувањето на Франсоа - Ксавие Мегр од Франција, добитник на наградата на УНЕСКО и СВП за најдобар млад поет.
На поетскиот фестивал во Струга што ќе трае до 28 август учествуваат 60-тина странски и исто толку домашни поети. Покрај од Македонија, ќе учествуваат и истакнати поети од Азербејџан, Франција, Индија, Куба, Ирак, Грција, Куба, Сирија, Мароко,..
XS
SM
MD
LG