Достапни линкови

Речиси 40 отсто од обработливата земја во Романија е погодена од суша


Сушата погодила над 3,7 милиони хектари или речиси 40 насто од обработливата земја во Романија, неведува Министерството за земјоделие.
Триесет отсто од пченицата засеана есента 2011 година е уништена поради недостиг од вода, се вели во документот. Земјоделска површина во Романија е 14,7 милиони хектари од кои обработливата е околу 10 милиони хектари.
Од пролетните култури, од сушата се погодени над 1,7 милиони хектари што е речиси 32,5 отсто од вкупната култивирана површина во почетокот на годината.
Фармерите ќе бидат поддржани од државата со 100 леи за хектар за земја од максимум 10 хектари.
XS
SM
MD
LG