Достапни линкови

Жолта фаза во Македонија - температурите до 40 степени


Целата држава денеска ќе биде во жолта - алертна фаза поради потенцијална опасност по здравјето на населението. Остануваат да важат препораките за превентивни мерки од спречување на штетните ефекти по здравјето од високите температури.
Министерството за здравство информира дека сите здравствени установи се во приправност и располагаат со доволно капацитети и медикаментозна терапија за евентуално справување со зголемен број пациенти со штетни ефекти од високите температури по нивното здравје.
Според Управата за хидрометеролошки работи, до крајот на неделата ќе преовладува сончево и многу топло време со дневни температури кои на некои места ќе достигнат и до 40 степени. УВ индексот ќе има висока вредност 8.
XS
SM
MD
LG