Достапни линкови

Бан Ки Мун ќе присуствува на Самитот на неврзаните во Техеран


Од Обединетите нации потврдија дека генералниот секретар на ОН, Бан КиМун, планира да присуствува на Самитот на неврзаните земји во Техеран следната недела. На ОН велат дека Бан Ки Мун „ќе ја искористи можноста да ја пренесе јасната загриженоста и очекувањата на меѓународната заедница за нуклеарната програма на Иран, тероризмот, човековите права и кризата во Сирија.“Тој ќе престојува во Техеран од 29 до 31 август. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го повика Бан Ки Мун да не присуствува. И САД исто така сакаат шефот на ОН да го бојкотира самитот. Иран е во пресметка со западните сили околу неговата контроверзна нуклеарна програма.
XS
SM
MD
LG