Достапни линкови

logo-print

Распад на владејачката коалиција во Киргистан


Премиерот Омурбек Бабанов.

Премиерот Омурбек Бабанов.

Владејачката коалиција во Киргистан се распадна по осум месеци на власт. Партијата „Ата-Мекен“ објави дека ја напушта коалицијата, еден ден откако тоа го направи и партијата „Ап- намус“. Распадот уследи по заткулисните пресметки меѓу членовите на коалицијата поттикнати од слабата економија и корупцијата. Во заедничката изјава на двете партии се повикува премиерот Омурбек Бабанов да поднесе оставка. Портпаролот на коалицијата, изјави дека сите членови на кабинетот сега мора да поднесат оставка и дека мора да се формира нова влада. Во владеачката колиција остануваат уште две партии, но тие го немаат потребното мнозинство за формирање на влада.
XS
SM
MD
LG