Достапни линкови

logo-print

Алче тврди дека кривичните се обид за нарушување на неговиот углед


Директорот на Охридски комуналец Сашо Алче ги оценува кривичните пријави против него како фабрикувани. Се сомнева дека сето ова се прави намерно пред локалните избори.

Директорот на Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ Сашо Алче се сомнева дека кривичните пријави кои полицијата ги поднела против него имале друга позадина со цел нарушување на неговиот углед. За последната, поднесена пред неколку дена за сторено кривично дело, послужување во службата Алче вели дека е уште една фабрикувана кривична пријави, а во која стои дека во јануари 2012 година тој го искористил службеното возило за приватни потреби и заминал во Република Србија без да поседува соодветни патни налози за патување во странство.
Кој утре ќе им објасни на граѓаните на Охрид дека некој си поигрува и со Министерството за внатрешни работи и лично со мене и пред се кој ќе им објасни на мојата фамилија дека не сум сторител на кривично дело кога кривичните дела се штанцаат онака како некој ќе му каже на некого.

„Кој утре ќе им објасни на граѓаните на Охрид дека некој си поигрува и со Министерството за внатрешни работи и лично со мене и пред се кој ќе им објасни на мојата фамилија дека не сум сторител на кривично дело кога кривичните дела се штанцаат онака како некој ќе му каже на некого“, вели Алче.

Тој вели дека за овој случај воопшто не бил повикан на информативен разговор во полиција и очекува МВР и судот да откријат кој се обидува да го оцрни неговото име и дигнитет. Алче уште прашува како може да вози службено моторно возило во јануари, а истото според него било купено во февруари, а бил згрешен и датумот на неговото раѓање.

„Логично е прашањето, како сум можел да возам службено возило во јануари, а истото возило „Комуналец“ да го купи во февруари? Дека ова е фабрикувана и неточна кривична пријава направена многу непрофесионално покажува и фактот што во билтенот од МВР ми е згрешен и датумот на раѓање дека имам 31 година, а јас имам 41 година и пишува в.д. директор на Охридски Комуналец, а јас сум директор“, додава Алче.

Првиот човек на Охридското јавно комунално претпријатие најавува дека ќе поднесе и кривична пријава против Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди во МВР, како и против непознат сторител. Тој се сомнева дека сето ова се правело намерно на неколку месеци пред локалните избори. За кратко време МВР поднесе три кривични пријави против директорот Алче.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски рече МВР има констатирано оправданост за поднесување на тие кривични пријави и оти право е на секој, па и на директорот на Комуналец, да поднесе писмена реакција доколку не е задоволен од поднесената кривична пријава.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG