Достапни линкови

Груевски- криза во коалицијата има, можни се предвремени избори


Премиерот Никола Груевски.

Премиерот Никола Груевски.

Постои криза во владината коалиција како резултат на промените во однесувањето на дел од раководството на ДУИ, а врв е настанот во Слупчане. Подготвени сме за предвремени избори ако ДУИ оцени дека тие се потребни иако не ги посакуваме, изјави денеска премиерот Никола Груевски. Ние не ги посакуваме, но ВМРО-ДПМНЕ е подготвена и за таква опција доколку ДУИ повлече таков потег, рече Груевски.

„За нас е исклучително важно да го зачуваме нашето достоинство и образ и достоинството на македонскиот народ и на граѓаните на Република Македонија. И нема ниту една цена што сме подготвени да ја платиме за да се згази достоинството на граѓаните на Република Македонија, како што имаше обид тоа да се направи со случајот во Слупчане“, рече Груевски.
XS
SM
MD
LG