Достапни линкови

УНДП и Општина Струмица ќе работат за брзо опоравување од пожарите


Повредените во пожарот кај Струмица хоспитализирани во Градската болница во Скопје.

Повредените во пожарот кај Струмица хоспитализирани во Градската болница во Скопје.

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) го прифати барањето за поддршка на Општина Струмица за спроведување итни активности за брзо опоравување од настанатите пожари, но исто така и за развој на интегрирана стратегија на општината за управување со ризици од природни несреќи и катастрофи.
Во пожарите во Струмица летово четири луѓе починаа, a 18 се потешко повредени. Во наредните 12 месеци, Општина Струмица и УНДП ќе работат заедно за да ги спроведат сите неопходни мерки за опоравување, но исто така и за да постават превентивни механизми за планирање кои ќе ја зголемат подготвеноста на општината за ваков тип на екстремни непогоди, придонесувајќи за побезбедна иднина на граѓаните.
XS
SM
MD
LG