Достапни линкови

Грузија- власта негира дека блокира сметки на опозицијата


Протест на на опозициските партии од коалицијата „Сон“.

Протест на на опозициските партии од коалицијата „Сон“.

Грузиските власти ги негираа извештаите дека власта им ги замрзнала сметките на опозициските партии од коалицијата „Сон“. Од владата велат дека опозицијата ги „измамила“ известувачите од Парламентарното собрание на Советот на Европа. Вчера од Советот на Европа соопштија дека се загрижени за случувањата во Грузија и рекоа дека со тоа се поткопува одржувањето на изборите закажани за 1 октомври. Грузиските власти велат дека ниту една банкарска сметка на опозициска партија не била замрзната или затворена од страна на власта. Од коалицијата „Сон“ обвинија дека власта им блокирала сметки на шест опозициски партии на кои тие добиваат пари за изборнаа кампања од донации.
XS
SM
MD
LG