Достапни линкови

Хеликоптери на Еуфор гаснат пожари во БиХ


Пожарот околу Братунац и Сребреница.

Пожарите во Босна и Херцеговина и во Република Српска не стивнуваат, а хеликоптери на армијата на БиХ не се ангажирани во гаснење бидејќи немаат гориво. Два хеликоптера со кои располага таа држава се на ремонт, соопшти Министерството за безбедност. За гаснење на пожарите се ангажирани хеликоптери на Еуфор, a од владата на БиХ побараа граѓаните да им помогнат на тимовите пожарникари.
Според тамошните власти најтешка е состојбата на подрачјето на Мостар, Коњиќ, Братунац, Сребреница, Гацко и Требиње.
XS
SM
MD
LG