Достапни линкови

logo-print

Бесими жали ако навредил некого со настанот во Слупчане


Министерот за одбрана Фатмир Бесими изрази жалење доколку навредил некого со неговото положување цвеќе во Слупчане. Тој рече дека намерата не ми била таква, туку да придонесе за помирување.

„Помирувањето е особено важен чин во Македонија и посебно помеѓу двете страни инволвирани во конфликтот во 2001 година. Верувам дека АРМ може најдобро да го води овој процес на лекување на раните од минатото и да придонесе кон градење на заедничка Македонија“, рече Бесими.

Тој денеска се сретна со американскиот заменик помошник државен секретар Филип Рикер.

Заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Рикер ја поздрави изјавата на министерот Бесими.

„Ги поздравувам зборовите на министерот за помирувањето затоа што тое никогаш не е лесно. Согласно искуството на САД, нашите армија всушност претставуваше темел кој придонесе кон градењето на нашето општество и кон нашата аспирација за градење на едно посовршено општество во иднина. Министерството за одбрана и вооруѓените сили беа на првите линии во интеграцијата на нашата земја и создавање на таа доверба. Помирувањето е во духот и на НАТО“, изјави Рикер.
XS
SM
MD
LG