Достапни линкови

Убиени 11 сириски бунтовници во Дамаск


Најмалку 11 сириски бунтовници биле убиени во Дамаск. Сириската војска со тенкови упаднала во област Кафар Соуша која е под контрола на бунтовниците. Претходно војската го бомбардирала тој дел од градот, соопштуваат бунтовниците. Сириските бунтовници велат дека околу 20 тенкови навлегле во областа. И од сириската опсерваторија за човекови права потврдуваат дека има околу 12 жртви на страната на бунтовниците.
XS
SM
MD
LG