Достапни линкови

logo-print

Нема предвремени избори, коалиција во опасност


Предвремени избори нема да има, велат од ДУИ, но не негираат дека ќе има потреси во коалицијата. Опозицијата вели дека ако се има предвид со кои политички фактори си имаме работа се може да се очекува.

Предвремени избори нема да има, велат од ДУИ, но не негираат дека ќе има потреси во коалицијата доколку ВМРО- ДПМНЕ и натаму инсистира на најавениот закон за посебни права на бранителите од 2001 година и нивните семејства. Според опозицијата, ако се земе во предвид со кои политички фактори си имаме работа се може да се очекува.

Во моментов имаме една ситуација предизвикана од предложениот закон и се обидуваме на некој начин да ја санираме штетата од таквиот обид, но не сме разговарале за избори воопшто до сега.
Потпаролот на ДУИ Бујар Османи вели дека законот вака како што е предложен не е прифатлив и доколку ВМРО- ДПМНЕ инсистира на негово усвојување, тоа ќе влијае не само на партиските односи, туку и на меѓуетничката хармонија во земјата.

„Не верувам дека некој би ризикувал десет години по конфликтот во 2001 година во Собранието да изгласа нешто на кое се противи албанската заедница. Така да доколку тоа се случи последиците нема да бидат само во делот на коалицијата, туку би се отворило едно друго големо прашање, а тоа е мајоризацијата.“

Но за евентуално одржување на предвремни избори во партијата воопшто не станало збор, тврди Османи.

„Во моментов имаме една ситуација предизвикана од предложениот закон и се обидуваме на некој начин да ја санираме штетата од таквиот обид, но не сме разговарале за избори воопшто до сега.“

Тргнувајќи од праксата до сега кога на политички, економски и социјален план нешто ќе загусти Груевски веднаш се определува за избори и како по правило секогаш игра на популистичка-националистичка карта и за мене не е исклучена таквата можност.
Претседателот на НСДП Тито Петковски вели дека и ВМРО ДПМНЕ и ДУИ сфатиле дека социјално-економската состојба во државата е многу тешка и дека тие мора да бараат некое излезно решение.

„Тргнувајќи од праксата до сега кога на политички, економски и социјален план нешто ќе загусти Груевски веднаш се определува за избори и како по правило секогаш игра на популистичка-националистичка карта и за мене не е исклучена таквата можност. Тој да заигра сега жестоко на анти-албанска основа, бидејќи тоа му е сигурна карта, која досега го водела на изборите до успех и да почне да ја брани Македонија и Македонците, досега од Грците, а сега од Албанците.“

Според опозицијата логично би било во оваа ситуација коалицијата да се договори кои се приоритетите на меѓуетнички, социјален и економски план и да предложат мерки за излез од кризата, но кај нив таа логика не важи.
Од ДУИ велат дека за нив прифатливо ќе биде доколку со законот се поддржат сите оштетени од конфликтот независно од етничката припадност.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG