Достапни линкови

Албанците од јужна Србија бараат национално обединување со Косово


Одбележување на Денот на албанското знаме, Бујановац, ноември 2011.

Одбележување на Денот на албанското знаме, Бујановац, ноември 2011.

Претставници на албанците од јужниот дел на Србија, бараат на одбележувањето на 100 годишнината од прогласувањето на независноста на албанската држава да биде решено нивното прашање и „трите албански општини останати во Србија да се припојат кон Косово“. Оваа нивна цел, како што пишува весникот „Коха диторе“ сакаат да ја реализираат станувајќи дел од косовската делегација на идните разговори меѓу Косово и Србија, кои се планирани да почнат на есен.
Градоначалникот на Бујановац Јонуз Муслиу оценува дека учеството на претставниците од оваа област ќе и биде на помош на косовската делегација.
XS
SM
MD
LG