Достапни линкови

logo-print

Грција бара здив од реформите


Грчкиот премиер Андонис Самарас

Грчкиот премиер Андонис Самарас

Грчкиот премиер Андонис Самарас со денешните резговори со шефот на еврогрупата Жан Клод Јункер, ја почнува неговата офанзива за убедување на Европа дека Грција заслужува повеќе време за исполнување на непопуларните реформи. Во текот на неделава тој ќе разговара и со германската канцеларка Ангела Меркел, како и со францускиот претседател Франсоа Оланд.

рчкиот премиер Андонис Самарас сака меѓународните кредитори да и дадат на неговата задолжена земја повеќе време за да ги заврши реформите кои се услов за финансиската помош.

„Се што сакаме е малку воздух да земеме здив со цел да проработи економијата и да се зголемат државните приходи“, изјави Самарас за германскиот весник „Билд“, додавајќи дека повеќе време автоматски не значи и повеќе пари.


„Наскоро ќе имаме помал, поздрав и поефикасен јавен сектор. Решив да вработам само по едно лице на 10 пензионирани во јавниот сектор“, вели Самарас кој оценува дека излегувањето на Грција од еврозоната ќе биде кошмар за Грција:

„Тоа ќе значи уште пет години рецесија и невработеност која ќе достигне 40 насто. Вистински кошмар за Грција, социјални нереди и невидена криза на демократијата.“
Наскоро ќе имаме помал, поздрав и поефикасен јавен сектор. Решив да вработам само по едно лице на 10 пензионирани во јавниот сектор.


Самарас е под притисок да покаже дека Грција може да ги исполни обврските, односно намалување на јавните трошоци за 11,5 милијарди евра во наредните две години за да може во септември да ја добие следната транша од помошта во вредност од над 30 милијарди евра.

Неуспехот би можело да ја води Грција кон масовен јавен долг.

„Јас сум целосно свесен колку овие моменти се критични за нашата земја. Знам многу добро дека грчкиот народ е повреден и оти треба да го поврати своето достоинство. Знам дека економијата мора брзо да заздрави за да се воспостави социјална правда и кохезија во земјата.“

Изјави Самарас по победата на изборите во јуни годинава, ветувајќи дека ќе се обиде да ги убеди европските партнери да и дадат на Грција уште две години за да ги постигне целите зацртани во спасувачкиот пакет од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд во вредност од 130 милијарди евра.

Шефот на еврозоната Жан Клод Јункер

Шефот на еврозоната Жан Клод Јункер



Но, соочена со реалноста од банкрот на земјата доколку не добие дополнителна помош, грчката влада сега се обидува, како што е соопштено во Атина, да ги обнови врските со европските партнери и да добие во време.

Запрашан дали е оптимист во врска со проширување на временската рамка на Грција за отплата на долгот, министерот за финансии Јани Стурнарас вели:

„Ние треба да дискутираме за ова. Не знам колку сум оптимист. Неопходно е да зборуваме со нашите колеги.“
Убедени сме дека не е можно, барем што се однесува до германската влада, значително омекнување на договорените реформи со Грција.


Европскиот главен играч Германија каде што трпението околу Грција се намалува веќе соопшти дека нема да ги омекне барањата што треба да ги исполни земјата која веќе добила два спасувачки пакета.

„Убедени сме дека не е можно, барем што се однесува до германската влада, значително омекнување на договорените реформи со Грција.“

Изјави неделава шефот на германската дипломатија Гвидо Вестревеле.

По изборната победа и по намалените страхувања дека Грција би можело веднаш да излезе од еврозоната, Самарас беше добро прифатен од европските влади.

шефот на германската дипломатија Гвидо Вестервеле

шефот на германската дипломатија Гвидо Вестервеле


Голем број економисти веруваат дека Грција нема да ја напушти заедничката валута.

Но, проблем е што таа земја се уште е далеку од колосекот на исполнувањето на целите од спасувачкиот пакет, што автоматски значи и натамошно реструктирање на нејзиниот долг.

Грција за ваквата состојба ја обвинува длабоката веќе пет годишна рецесија на земјата. Скоро секој четврти грк е без работа и тој број постојано расте од почетокот на економската криза пред три години.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG