Достапни линкови

Грчките службеници ја предупредуваат владата


Синдикатот на вработените во грчките даночни служби изрази големо несогласување со плановите на Владата да вклучи негови членови во шемата за работници во резерва со која до 2015 година треба да се намалат десетици илјади јавни службеници. „Ниту еден од нашите членови не може да биде отпуштен, ниту да оди во резерва. Напротив, итно се потребни нови вработувања затоа што 83 дипломирани практиканти одбија да се вработат поради екстремно ниската плата од 680 евра месечно“, се вели во писмото упатено до грчкиот парламент.
XS
SM
MD
LG