Достапни линкови

logo-print

Сирија најавува можно повлекување на Башар Ал Асад, САД не верува


Вицепремиерот на Сирија наложи дека владата е подготвена да разговара за отстапување на Башал Ал Асад , дополнувајки дека оставката на претседателот не смее да се смета за предуслов за почеток на мировните преговори. Кари Џамил, при официјалната посета на Москва, ги обвини западните земји за барање на предуслови за воена интервенција. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предупреди против, како што рече, воведувањето демократија со бомби, додавајки дека странците во Сирија единствено треба да создадат услови за дијалог меѓу приврзаниците на Асад и бунтовниците. Соединетите американски држави, од друга страна, изразија скептицизам за подготвеноста на сиријската влада да го тргне Асад од власт. „Искрено, тука не гледаме ништо ново", изјави портпаролката на Стејт департментот Викторија Нуланд.
XS
SM
MD
LG