Достапни линкови

Грција бара „простор да дише"


Грчкиот премиер Антонис Самарас побара повеќе време за имплементација на мерките за штедење и реформите во земјата. Во интервју за германскиот дневен весник “Билд” лидерот вели дека на Грција и е потребен простор да дише, со цел оживување на економијата и зголемување на приходите на во државната каса. Самарас ги даде забелешките пред средбите со шефот на Еврозоната Жан Клод Јункер и државните лидери на Германија и Франција, закажани за неделава.
XS
SM
MD
LG