Достапни линкови

Белград и Приштина декларативно за продолжување на дијалогот


Премиерот на Србија Ивица Дачиќ .

Премиерот на Србија Ивица Дачиќ .

Премиерот на Србија Ивица Дачиќ во обраќањето на Седницата посветена на Косово во Советот за безбедност на ОН, изјави дека конечното решавање на статусот на Косово и Метохија е еден од најважните приоритети на неговата влада, но дека Србија никогаш нема да ја признае едностраната независност на Косово. Тој рече дека тие се спремни преку дијалог да дојдат до решение за сите работи, притоа уважувајќи ги интересите за сите луѓе кои живеат на Косово.

Косовскиот премиер Хашим Тачи рече дека Приштина е посветена на продолжување на дијалогот со Белград во секој момент и во секакви околности, но дека во никој случај не може да се доведува во прашање територијалниот интегритет на Косово. Тој изјави дека приоритет им е нормализација на односите со Србија и дека токму односите меѓу Србија и Косово се препрека за стабилност на Балканот.
XS
SM
MD
LG