Достапни линкови

logo-print

Собранието не ги усвои заклучоците за проектот „Скопје 2014“


Собранието на Република Македонија во попладневниот дел од денешната работа по дневниот ред на 35. седница со 55 гласа „против“ и 41 глас „за“ не ги усвои предложените заклучоци за проектот „Скопје 2014“, поднесени од пратениците од опозицијата.

Претходно во расправата по Информацијата за проектот „Скопје 2014“ опозицијата ја обвини власта за расипничко непродуктивно трошење во рамки на овој проект, наместо, како што истакнаа пратениците, да се грижи за потребите на граѓаните, за инфраструктурни и капитални проекти. Проектот, според нив, го разединува националното ткиво и го рекомпонира македонскиот идентитет.

За пратениците од власта, пак, обвинувањата се неосновани и обид за собирање политички поени. Проектот, според нив, има за цел да го обедини македонското ткиво, преку одбележување на сите фактори од народи и цивилизации што биле на овие простории од моментите кога се знае за историјата од пред три илјади години.
XS
SM
MD
LG