Достапни линкови

Уапсени пет луѓе вмешани во нападот во Газиантеп


Турската полиција приведе пет луѓе во рамките на истрагата за вчерашниот напад со автомобил-бомба во Газиантеп, во Југоисточна Турција. Во нападот загинаа девет луѓе, меѓу кои четири деца, а 69 се повредени, соопшти турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк.
Полицијата најпрво го уапси возачот на влечното возило со кое автомобилот со експлозиви бил пренесен до Газиантеп. По неговиот распит се спроведени операции во Сиверек во округот Шанлурфа, во Југоисточна Турција. Во операцијата се уапсени уште четири луѓе, кои може да имаат врска со нападот.
XS
SM
MD
LG