Достапни линкови

За привремениот претседател на Романија одлуката на Уставниот суд е неправедна


Трајан Басеску.

Трајан Басеску.

Привремениот претседател на Романија Крин Антонеску, денеска изјави дека е неправедна одлуката на Судот за невалидноста на референдумот за Трајан Басеску. Но сепак, Антонеску и членовите на неговата Национално-либерална партија ќе ја почитуваат одлуката на Уставниот суд.
Денеска Уставниот суд на Романија со шест гласа „за“ и три гласа „против“ одлучи дека резултатите од референдумот за отстранување од функцијата на романскиот претседател Трајан Басеску се неважечки.
Претседателот на Уставниот суд Аугустун Зегрн изјави дека од гледна точка на организација, референдумот бил валиден, но не бил обезбеден потребниот законски кворум од 50 плус еден процент од гласачите.
Привремениот мандат на Крин Антонеску прекинува, од датумот на објавување на одлуката на Уставниот суд во Службен весник, а Басеску се враќа на претседателската функција.
XS
SM
MD
LG