Достапни линкови

logo-print

ДУИ може да ја напушти владината колиција со ВМРО-ДПМНЕ?


Албанскиот партнер во власта ДУИ ќе ја напушти владината колиција со ВМРО-ДПМНЕ ако во Собранието биде изгласан предложениот закон за бранителите без во него да бидат вклучени и припадниците на ОНА и нивните семејства, најавил денеска на брифинг висок функционер на партијата, пренесуваат телевизијата „Алсат“ и весникот „Дневник“.

Најавениот закон, според ДУИ, е прекршување на договорот меѓу лидерите на двете водечки партии во владината коалиција да не се отвараат прашањата поврзани со статусот на бранителите и припадниците на ОНА.

Со изгласувањето на предложениот закон, коментираат од ДУИ, би се загрозиле меѓуетничките односи и односите во владината коалиција, што би резултирало со нивно заминување во власта и иницирање на предвремени парламентарни избори заедно со локалните напролет.
XS
SM
MD
LG