Достапни линкови

logo-print

Рикер побара владеење на правото и слобода на медиумите


На средбите со државниот врв Филип Рикер побарал да се продолжи со реформите.

САД останува силен подржувач на евроа-атланската интеграција на Македонија, изјави заменик помошникот државен секретар на САД Филип Рикер по денешната средбата со премиерот Никола Груевски во Владата. Рикер позитивно се изјасни за напредокот на процесот на Дијалогот на високо ниво со ЕУ, што како што рече Соединетите американски држави безрезервно го подржуваат и нагласи дека треба да се продолжи со работа на реформите во повеќе области.

Денеска претходно Рикер оствари средба со министерот за надворешни работи Никола Попоски. Попоски како што соопшти МНР на средбата истакнал дека Македонија очекува натамошна засилена поддршка од САД за евро-атланските интегративни процеси. Во контекст на прашањето за името, Попоски нагласил дека Македонија останува отворена за дијалог со јужниот сосед и настојува со проактивен и конструктивен пристап да ја надмине единствената наметната препрека која ги блокира нашите европски и евроатлански интеграции.

Рикер, пак, нагласил дека неодамнешната посета на Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, како и неговите пораки, може да придонесе кон што поскоро изнаоѓање на заемно прифатливо решение околу името, се наведува во соопштението од МНР.

Во рамки на неколкудневната посета Рикер ќе оствари средби и со други претставници на Владата и политички лидери. Во Македонија е до 25 ти август. Заменикот помошник државен секретар Рикер ќе посети и други земји во регионот. Средбите со државниот врв Рикер ги започна од Охрид вчера каде со претседателот Иванов беа разменети мислења и информации за стратешките цели на Македонија - членството во Нато и ЕУ како највисоки приоритети, како и можноста за деблокада на интеграциските процеси.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG