Достапни линкови

Учебната година ќе почне навреме


Учебната година ќе почне на 3-ти септември и покрај реконструкцијата на 200-те училишта низ земјава, соопшти министерот за образнование Панче Кралев.
„Веруваме дека со почетокот на учебната година учениците ќе влезат во современи и подобрени услови за одвивање на наставата. Учебната година ќе започне на 3-ти септември, значи ќе нема никакво одлагање, а сите кои се ангажирани на градежните работи, работат да биде запазен тајмингот до 3 – ти септември“, рече Кралев.
Тој додаде дека веќе се одобрени и 41 учебник за средните стручни училишта, каде што имаше проблеми со недостиг на овие ученици. Во тек е и дистрибуцијата на учебници за основните и средни училишта, кои се дел од проектот на Владата.
XS
SM
MD
LG